Португалија не успеа да победи на првиот натпревар на СП 2026, а истовремено репрезентацијата е под голем притисок поради критиките на адреса на Кристијано Роналдо, кој за многумина повторно покажал дека е себичен и размислува само за својот ефект на натпреварите.
Роналдо заработи директни критики од имиња како Тјери Анри, неговите фанови ги нападнаа со навредливи коментари сите оние кои го критикуваа, па дуелот со Узбекистан ќе има посебно значење во желбата да се смири оваа непријатна ситуација.
Диого Далот вели дека Роналдо е навикнат на критики, а и цела репрезентација однапред се подготвувала за вакво можно сценарио.
– Уште пред да дојдеме на светското првенство, имавме можност да разговараме и да се подготвиме за ваков вид напади и критики и драми на социјалните мрежи.
– Како да знаевме дека ќе се случи вакво нешто, а кога во составот имате играч како Роналдо, треба да бидете многу подобро подготвени за вакви ситуации.
– Фактот што уште пред мундијалот се подготвувавме за вакво сценарио доволно кажува дека тоа нема да направи потрес во тимот, иако некогаш и критиките се претерани и работите се вадат од контекст. Сите знаеме колку добро Роналдо се соочува со критиките, тој е 20 години во националниот тим и постојано ја има истата самодоверба која ја пренесува на тимот, – рекол Далот.





