Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ – Трајче затоа што не молчи!

Макфакс

19/06/2026

10:20

269

Големина на фонт

а а а

Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ, обвинува дека претседателот на СДММ е казнет и прераспределен поради тоа што не молчи и јавно зборува за проблемите на младите, кои масовно се иселуваат и се соочуваат со притисоци и уцени.

„Трајче е казнет затоа што не молчи. Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место. Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат“, кажа Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.

„Денеска е Трајче, а утре може да биде секој млад, секој од нас. Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат. Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите.

Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме“, додаде Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.