Вчера во Дебар е извршен претрес кој резултираше со пронаоѓање на дрога и уапсен маж под сомнение за кривично дело.
Вчера во 15:30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 34-годишниот Б.К. од Дебар.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







