Во инцидент на автопатот од Градско кон Скопје, возило „мерцедес“ кое не застанало на знак за запирање удрило во дрво, по што возачот избегал, а полицијата пронашла 12 мигранти во возилото.
Вчера околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило.
Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото. По пребарување на теренот, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 мигранти, од кои пет од Египет и останатите од Турција.
Мигрантите биле сместени во транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.







