Жена од Радовиш е потешко повредена откако изгубила контрола над електричниот тротинет и паднала на улица Ленинова, при што била пренесена во Клиничка болница Штип заради тешки повреди.
На 17.06.2026 во 11:10 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на улицата „Ленинова“ во Радовиш, 55-годишната С.М. од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот.
Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.







