25-годишна девојка од Тетовско со четирицикл излета од локален пат: Повредени и двете нејзини сопатнички

Макфакс

18/06/2026

14:00

167

Големина на фонт

а а а

Во Тетовско, 25-годишна жена излетала од локален пат со четирицикл, при што таа и двете нејзини сопатнички се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Тетово.

Вчера во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат село Вејце-село Селце, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од село Селце, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., додека со телесни повреди нејзините сопатнички Е.Б.(18) и В.Т.(20), двете од село Селце, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.