[ВИДЕО] Вучиќ ја угости холивудската актерка Кетрин Зета-Џонс во Белград

Макфакс

18/06/2026

11:00

362

Големина на фонт

а а а

Александар Вучиќ го пречека холивудската актерка Кетрин Зета-Џонс за време на нејзината посета на Белград, истакнувајќи ја важноста на Србија како дестинација во светската филмска индустрија и потенцирајќи ги потенцијалите на земјата во филмската продукција.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја угости холивудската актерка Кетрин Зета-Џонс за време на нејзината посета на Белград.

Вучиќ сподели видео на Инстаграм и напиша дека е многу среќен што Србија е се попрепознатлива на мапата на светската филмска индустрија.


„Имав големо задоволство да бидам домаќин на една од најголемите холивудски ѕвезди @catherinezetajones, актерка која зеде дел од славата од познатиот Зоро. Особено сум среќен што Србија и Белград стануваат се попрепознатливи на мапата на светската филмска индустрија. Сè повеќе продуценти, режисери и актери откриваат она што го знаеме долго време – дека нашата земја нуди врвни локалции, талентирани луѓе и гостопримство што ќе се памети долго време. Ако денот по утрото се познава, наскоро во Белград ќе имате подеднаква веројатност да сретнете холивудска ѕвезда како и некој од соседството“, објави Вучиќ.