Драма! Освојувачка на олимписки медал колабирала на трка! Заврши во болница, испливаа детали за ужасниот инцидент!

Точка

18/06/2026

09:03

668

Големина на фонт

а а а

Поранешната американска атлетичарка и освојувачка на олимписки медал, Џени Симпсон, се наоѓа на болничко лекување откако колабирала за време на трка во Роли, во американската сојузна држава Северна Каролина.

Симпсон (39) во вторникот била пејсмејкер за група тркачи на една милја (1,6 километри) на настанот „Сер Волтер Милер“, кога, според извештаите, се срушила на патеката и ѝ била неопходна кардиопулмонална реанимација, пренесува британскиот "BBC".

Таа ја заврши својата натпреварувачка кариера во 2024 година, а најголемиот успех го оствари во 2011 година на Светското првенство во Даегу, Јужна Кореја, каде што освои златен медал во трката на 1.500 метри.


На истата дистанца има и два сребрени медали од Светските првенства во 2013 и 2017 година, додека единственото олимписко одличје го освои на Олимписките игри во Рио во 2016 година, кога стигна до бронзен медал.

„Џени добива врвна медицинска нега, а нашите мисли се со неа и нејзиното семејство во овој тежок период“, соопштија организаторите на митингот.


Засега не се објавени дополнителни информации за нејзината здравствена состојба, но веста предизвика голема загриженост во атлетските кругови и меѓу нејзините бројни фанови ширум светот.