Претрес во гостиварско, пронајдена марихуана: двајца уапсени

Макфакс

11/06/2026

11:40

165

Големина на фонт

а а а

Двајца лица од гостиварско се лишени од слобода поради пронајдена марихуана при претрес и преглед на нивните домови и возило. По документацијата на случајот ќе следи пријава.

Вчера во 21:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода 19-годишниот А.М. од село Паталиште и 23-годишниот А.Т. од село Трново, гостиварско, затоа што при преглед кај нив, кај А.М. била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории на А.Т.(23) во село Долна Бањица, гостиварско, како и преглед во неговото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.