Во селото Мислешево, струшко, избувнал пожар во плевна кој се проширил и на дел од куќа. Станарите и животните биле евакуирани без повредени лица, а увид направила полицијата.
На 09 јуни во 22:47 часот во ОВР Струга е пријавено дека во селото Мислешево, струшко, настанал пожар во плевна, кој зафатил и една соба од куќа.
Повредени лица нема, а екипа од Територијалната единица Струга ги евакуирала станарите од куќата и домашните животни од плевната.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.







