На 11 јуни во Куманово ќе се отвори традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2026“ со околу 40 слики од 16 неакадемски уметници, поддржана од Министерството за култура, која има за цел да ги презентира локалните таленти и да ја поттикне љубовта кон визуелните уметности.
На 11 јуни, четврток, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2026“. На изложбата ќе бидат претставени околу 40-тина слики, изработени од 16 автори. Проектот е подржан од страна на Министерство за култура.
„Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво коешто претставува едно локално богатство и заслужува да биде споделено со пошироката ликовната публика. Потребата за традиционално организирање на ваков вид на изложби од страна на НУ Центар за култура – Куманово беше утврдено уште на почетокот на деведесеттите години од минатиот век а дојде како резултат на иницијатива на повеќе наши сограѓани – неакадемски уметници коишто имаа зад себе сериозна ликовна продукција.
Искуствата низ годините покажаа дека оваа изложба освен тоа што има одреден квантитет, квалитет и ликовно-естетско ниво , истата, може да биде и предмет на интерес на медиумите и јавноста. Впрочем и континуитетот потврден во 35-те изданија говори за долгорочен интерес на сите инволвирани страни во проектот – уметниците, организаторот и самата публика којашто со својата присутност дава позитивни сигнали за некои идни ангажмани во оваа насока“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.
Изложбата ќе биде поставена до 25 јуни.
фото/Сузана Паневска, Хармонија, акрил, 2026







