Денес температура до 34 степени, попладне можни пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер

Макфакс

07/06/2026

09:42

343

Големина на фонт

а а а

Прогноза за времето во Македонија која најавува топло време со температура до 34 степени, а попладне се очекуваат локални нестабилности со пороен дожд, град и засилен ветер.

Управта за хидрометеорологија за денес прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.