Жена тешко повредена откако ја удрило дете на електричен тротинет

Макфакс

06/06/2026

14:50

173

Големина на фонт

а а а

Жена од Тетово тешко е повредена откако во неа удрил електричен тротинет управуван од малолетно дете. Повредената е пренесена во болница и сусптениска е на Клиниките во Скопје, додека на местото на несреќата извршил увид полицаец.

Триесет и двегодишна жена се здобила со тешки повреди откако во неа удрил електричен тротинет на улицата „Илинденска“ во Тетово.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 10 часот, кога електричен тротинет управуван од 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец удрил во И.Ѓ. (32) од селото Непроштено.

Повредената најпрво била пренесена во Клиничката болница во Тетово, а поради сериозноста на повредите била транспортирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово.