Гореше приколка од камион на регионалниот пат Струмица-Валандово: Интервенираа струмичките пожарникари

Макфакс

05/06/2026

18:50

228

Големина на фонт

а а а

На регионалниот пат Струмица-Валандово избувна пожар на приколка од камион, а струмичките пожарникари интервенираа со две противпожарни возила и пет спасители, успешно гасејќи го пожарот за кратко време.

Денес, во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион.

Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, извести ТППЕ Струмица.