[ВИДЕО] „Орешник“ за деца?! „Шокантно“ возење во Санкт Петербург за кое зборува светот

Точка

05/06/2026

19:39

481

Големина на фонт

а а а

Во забавниот парк „Диво Остров“ во Санкт Петербург е поставена нова атракција наречена „Орешник“, дизајнирана во боите на руското знаме, објавено е на официјалната страница на паркот.

Според управата на паркот, посетителите можат да искусат симулација на „издигнување во вселената“ и да доживеат чувство слично на она што го имаат космонаутите за време на лет, пренесе „Ведомости“.

Атракцијата функционира така што кабината се подигнува на голема висина, каде што почнува да се врти и овозможува панорамски поглед кон паркот, по што следи слободен пад. Станува збор за една од најновите содржини во паркот, која веќе привлече внимание кај посетителите поради својот изглед и назив.

Цената за едно возење изнесува 500 рубли, односно околу шест евра.

Посебно внимание во јавноста предизвика името на атракцијата, бидејќи „Орешник“ воедно е и назив на руска хиперсонична балистичка ракета со среден дострел. Според наводите на руските власти, тој ракетен систем може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.

Русија првпат јавно зборуваше за употребата на системот „Орешник“ во ноември 2024 година, по нападот врз Днепар, додека руските официјални лица соопштија дека ракетата била користена и за време на воени операции во мај 2026 година.