Фон дер Лајен: ЕУ подготвува пакет економска поддршка за Ерменија по рускиот притисок

Макфакс

04/06/2026

13:30

194

Големина на фонт

а а а

Европската комисија подготвува финансиска помош од 50 милиони евра за Ерменија, реакција на новите руски трговски ограничувања што претставуваат политички притисок кон земјата.

Претседателката на Европската унија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија подготвува пакет економска поддршка за Ерменија во почетен износ од 50 милиони евра, откако Русија воведе некои трговски ограничувања за Ерменија.

„Денес разговарав со премиерот на Ерменија Никол Пашинјан за неодамнешните руски ограничувања насочени кон Ерменија. Ова не е ништо повеќе од економска принуда и е неприфатливо“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека со проширување на извозните ограничувања на ерменските производи, Москва ги користи економските односи како „оружје“ за политички притисок.