Трамп: На Блискиот Исток примирје е кога се пука на поумерен начин

Макфакс

04/06/2026

13:20

172

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп даде необична дефиниција за примирјето на Блискиот Исток, изјавувајќи дека тоа значи „да се пука на поумерен начин“. Изјавата се појави во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран, со тековни преговори за мировен договор.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, даде необична дефиниција за поимот „примирје“, изјавувајќи дека во Иран тоа значи „да се пука на поумерен начин“.

„Тоа е поинаков дел од светот. Би рекол дека таму примирје е кога се пука на поумерен начин“, рече Трамп во Белата куќа, предизвикувајќи смеа кај присутните функционери.

Изјавата доаѓа во време на тензии меѓу САД и Иран, откако Иран ја нападна аеродромската инфраструктура во Кувајт, а продолжуваат и напорите за постигнување мировен договор.

Трамп изјави дека САД и Иран се „многу блиску“ до договор за завршување на војната и дека преговорите би можеле да завршат до крајот на неделата.

Во меѓувреме, американскиот Претставнички дом усвои претежно симболична мерка за прекин на војната со Иран, што медиумите го оценија како критика кон политиката на Трамп. Според написот, Трамп потврдил и дека во разговор го нарекол израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху „луд“, поради продолжувањето на воените операции во Либан.