Хоџа на Министерска конференција во Софија – Заеднички пристап кон климатските предизвици

Макфакс

04/06/2026

12:40

191

Големина на фонт

а а а

Министерот Муамет Хоџа учествуваше на Министерската конференција во Софија, посветена на зајакнување на регионалната соработка и забрзување на спроведувањето на климатските политики и заштитата на животната средина во Југоисточна Европа.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на

Министерската конференција

во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија.

Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од регионот, како и Џесика Росвал, еврокомесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија.

Во рамки на конференцијата беа разменети ставови за унапредување на регионалната соработка, спроведување на зелената агенда и забрзување на процесите на усогласување со европските стандарди во областа на животната средина и климатските политики.