Според СДСМ, пораки од претседателот на Европскиот совет и извештај од Европскиот парламент го потврдуваат нивниот став дека Мицкоски лаже за европската иднина на Македонија и дека не се спроведуваат реформи.
Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци, велат од опозициската партија.
Мицкоски, додаваат од таму, ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи.
Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија.
И ништо повеќе, како што рече.
Нема „дополнителни гаранции“, нема „нова преговарачка рамка“, нема „уставни измени со одложено дејство“.
Ова беа лаги со која Христијан Мицкоски ја манипулираше јавноста.
Тој ветуваше дека ќе обезбеди подобри услови за преговори, дека ќе ја смени преговарачката рамка и дека ќе донесе некакви гаранции“.
Денес, според СДСМ, откако и самиот Кошта ја кажа вистината, сите тие лаги паднаа во вода.
Додека Мицкоски секојдневно пласира нови измислици за Европа, од Брисел пристигна и втора порака – нема реформи.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, и членовите на Комитетот за надворешни работи во Ивештај констатира дека не е постигнат напредок, особено во владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата.
Европратениците во Комитетот јасно ги посочуваат манипулациите и дезинформациите преку „странско непријателско мешање и кампањи за дезинформации“, што е уште една силна потврда на она што го говори СДСМ за поврзаноста на ВМРО со СНС на Вучиќ и нивните кампањи“.
Според опозициската партија, Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат европска интеграција затоа што ЕУ носи независно судство, силни институции, европски стандарди и одговорност за секој што го прекршил законот.
Со Мицкоски нема европска иднина, нема подобар животен стандард и нема перспектива за младите.
Има само изолација, стагнација и продолжување на кражбата.
Реформи сега.
Европа сега.
Распишете референдум веднаш.
Граѓаните сами нека одлучат – интеграција или изолација“.











