СДСМ Карпош со поддршка за Стефан Богоев: Другар со тебе сме

Макфакс

03/06/2026

09:57

306

Големина на фонт

а а а

Општинската организација на СДСМ во Карпош изрази поддршка за поранешниот градоначалник Стефан Богоев, кој е уапсен во акција на финансиската полиција за организиран криминал и корупција. Во текстот се опишува реакцијата на СДСМ, контроверзиите поврзани со тендери и тековните истраги.

Општинската организација на СДСМ во Карпош изрази поддршка за поранешниот градоначалник и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој според неофицијални информации е уапсен вчера во акција на финансиската полиција и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Поддршка за нашиот другар Богац

Поддршка за нашиот другар Богац! Борба со опозиција не се прави на кукавички начин од страна на моќ!
Денес со проектот на Стефан Богоев за покриениот базен во салата Партизан во Карпош се китевте со неговите перја. Во немоќ да се справите со ветените обврски со кои дојдовте на власт во Карпош за кои секој ден сте се поголемо и поголемо разочарување на вашето членство, како и на карпошани, сакате со замајување на јавноста да го покриете срамот за повлекувањето на градоначалникот. Борете се ферски а не илеџиски во Карпош! Не ја потценувајте интелегенцијата на карпошани. Стефан Богоев, другар со тебе сме“, објавија неговите сопартијци.

Дел од медиумите објавија неофицијални информации дека Богаев е приведен во акција поврзана со сомнежи за тендерски постапки.

Истражните органи продолжуваат со постапката, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Акција на финансиската полиција

„Под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае“, соопшти вчера обвинителството додавајќи дека додека се постапува не може да се споделат повеќе детали.