ЈП Комунална хигиена-Скопје ги известува корисниците со заостанат долг дека заклучно со 5 јуни 2026 година завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање на долговите за собирање и транспортирање на комунален отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека заклучно со 05.06.2026 година завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање.
„Ги повикуваме корисниците во текот на преостанатите два дена да ја искористат поволноста што им ја нуди оваа акција и да ги отплатат своите долгови без пресметана камата“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.







