Променливо облачно со сончеви периоди: попладне услови за краткотраен пороен дожд

Макфакс

02/06/2026

07:27

263

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови и во Скопје.

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Времето во наредните денови

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој денеска во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.