Папата Лав XIV повика на мир: Никој не смее да бега од својот дом поради бомби

Макфакс

31/05/2026

08:14

263

Големина на фонт

а а а

Папата Лав XIV ги повика светските лидери и луѓето на прекуинтензивна војна да бараат мир и преговарање, истакнувајќи дека никој не треба да биде принуден да бега од својот дом поради воени конфликти и бомбардирања.

Папата Лав XIV упати силен повик за мир и прекин на насилството во воените жаришта ширум светот, нагласувајќи дека никој не треба да биде принуден да го напушти својот дом поради закани од војна и бомбардирања.

За време на молитвата за мир во Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква порача дека стремежот кон моќ и вербалното насилство мора да отстапат место на правдата, вистината и дијалогот.

„Невините повеќе не смеат да пролеваат солзи“, истакна папата во своето обраќање.

Мирот е можен и во време на конфликти

Лав XIV нагласи дека мирот е достижен дури и во период на зголемени тензии и вооружени судири, доколку светот ги слушне гласовите на оние кои најмногу страдаат.

Тој посебно ги спомена невините деца, загрижените родители, затворениците кои трпат злоупотреби, бегалците и сите луѓе погодени од војните.

Според него, сите тие имаат една заедничка порака – желбата за мир.

Одговорност и за поединците

Папата порача дека одговорноста за создавање помирно општество не е само на политичарите и државите, туку и на секој поединец.

Тој ги повика луѓето да се воздржат од вербално и физичко насилство, како во секојдневниот живот, така и на социјалните мрежи, нагласувајќи дека и малите постапки можат да придонесат за поголемо меѓусебно разбирање и почитување.

Втора голема порака за мир

Ова е второ значајно обраќање на папата Лав XIV посветено на мирот. Во април тој предупреди на опасностите од, како што ги нарече, „заблудите за семоќност“, кои според него стануваат сè понепредвидливи и поагресивни.

Таа изјава тогаш предизвика реакции во САД и незадоволство кај американскиот претседател Доналд Трамп, а нивната јавна размена на пораки беше тема на бројни светски медиуми.