Сончево време со температура до 31 степен, од недела дожд

Макфакс

29/05/2026

09:44

1.916

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и максимална температура до 31 степен, а од недела се очекуваат локални поројни дождови и нестабилност.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Утре ќе се задржи стабилно време. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Од недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.