Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација, велат од Владата

Макфакс

27/05/2026

17:18

145

Големина на фонт

а а а

Владата ја истакнува својата стратешка ориентација кон Европската Унија и ја нагласува важноста на отворањето на фондовите од Реформската агенда, како показател за европскиот пат на државата и ги критикува противниците кои не обезбедуваат сигурност за европската иднина.

„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада“, се нагласува во соопштението од оваа институција.

Според Владата, како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019-та година.

Тие, како што се додава во соопштеното, и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет.