Невреме со силен пороен дожд и засилен ветер го зафати Скопје

Макфакс

23/05/2026

16:00

189

Големина на фонт

а а а

Нов бран на нестабилно време во Македонија донесува силен пороен дожд и засилен ветер, особено во Скопје и околните региони, со услови за појава на град и суградица.

Нов бран на нестабилност попладнево предизвика невреме со силен пороен дожд и засилен ветер во повеќе делови на државата.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Метеоролозите алармираат дека во Валандовско и Скопско има услови и за појава на суградица, придружена со електрични празнења.

Врнежите и засилениот северен ветер веќе се активни во северните делови на Скопската Котлина каде се бележат ретки грмежи.

Паралелно, лошото време со пороен дожд е активно и во околината на Пробиштип како и на територијата на општина Свети Николе.

Граѓаните и возачите се повикуваат на будност во овие региони каде процесите во моментов се поинтензивни.

Во Скопје се очекува променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.