Александар Вучиќ оди во Кина

Макфакс

20/05/2026

10:30

170

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Кина на официјална посета од 24 до 28 мај на покана на кинескиот претседател Ши Џинпинг, но не се откриваат детали за неговата агенда.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе престојува во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај, соопшти неговиот кабинет.

Вучиќ патува во Кина на покана на кинескиот претседател Ши Џинпинг, се вели во соопштението, според новинската агенција АА.

Во соопштението не се откриваат детали за посетата или планираните средби.