Русија и Кина објавија зајакнување на воената соработка и најавија проширување на заедничките воени вежби, како и посветеност на решавање на конфликтот во Украина.
Русија и Кина објавија заедничка изјава по билатералните разговори во Пекинг, во која најавуваат зајакнување на воената соработка.
Во изјавата се наведува дека двете земји продолжуваат да го зајакнуваат пријателството меѓу своите вооружени сили и дека ќе ги прошират заедничките воени вежби.
Во документот се наведува и дека треба да се решат „темелните причини“ за војната во Украина за да се постигне одржлив мир. Се додава дека Москва ја цени објективната и непристрасна позиција на Кина за тој конфликт.







