16-годишно момче од Тетово е уапсено поради сомнеж дека во последните две недели извршил неколку кражби во џамии во Тетово, при што користел сила за да одземе пари од каси за донации.
Вчера во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“.
Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.







