Миле Лефков ги обвинува обвинителите Коларевиќ и Абази за амнестирање на осомничените блиски до СДС и ДУИ во случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра, предлагајќи влијание на лични и семејни интереси во процесот и повикувајќи на правда и истрага.
Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.
Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДС, на пример, нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии. Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДС и ДУИ во политиката“.
Еден од најсериозните и најголеми енергетски скандали во историјата на Македонија, оценува Лефков, не заврши во судница, туку заврши уште во обвинителство.
Прашува, дали има финансиски мотиви со кои Коларевиќ и Абази молчат и дали заради тоа ја запреа постапката.
„Зошто СДС не го осуди овој случај и не го повика Васко Ковачевски да се врати во Македонија? Зошто Советот на јавни обвинители молчи и не истражи дали е постапено според сите процедури во овој најголем финансиски случај во енергетиката“.
Правда, како што рече, мора да има. „Обвинителството не смее да биде засолниште за кадрите на СДС и ДУИ“.











