Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ ги критикува потезите на Венко Филипче кој, според него, не го осудува говорот на бугарската министерка и соработува со изјавите што ја негираат македонската историја и идентитет.
Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече “северномакедонци”, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите.
Венко Филипче не се огради ни од изјавите на неговиот член на ИО Рубин Земон кој за Гоце Делчев рече дека е мит и дека не направил ништо за Македонија“.
Со ваквите мекотелни политики, според Манасиевски, Филипче им дава простор на бугарските власти да не уценуваат и да велат дека има мала група на политичари во Македонија која ќе им ги исполни нивните барања.
Филипче, додава тој, и натаму останува лојален кон Бугарија, од причини само него познати. „Но, добро е да каже дека тие причини се уцена од група бугарски политичари поради неговото криминално минато со Зоран Заев.
Филипче да престане со политиката на негирање на Македонија и да не води мекотелна политика. Македонија има своја историја, култура, идентитет и јазик, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи преговарање за овие теми“.







