Општина Карпош: Улица „Џумајска“ со нов инфраструктурен сјај

Макфакс

19/05/2026

11:20

121

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош заврши со реконструкција и повторно пуштање во употреба на улицата „Џумајска“ со значителни подобрувања во инфраструктурата, со цел подобрување на условите за сообраќај и урбан развој во населбата.

Целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу“. Станува збор за отсечка на улицата која се протега од раскрсницата со ул. „Леринска“ до раскрсницата со ул. „Брадфорска“, во должина од 517 метри. Со вкупна инвестиција од околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт, реконструиран е коловозот кој опфаќа ревитализација на асфалтната површина, замена на рабниците и замена на долниот строј, извести општината Карпош.


„Изведувач на градежните работи е „Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје“, а инвеститор на овој комунален проект е Општина Карпош со проектант „МГ Проект“, од Скопје.



Општина Карпош продолжува да инвестира средства во рамномерен инфраструктурен, урбан и комунален развој во сите четиринаесет урбани и месни заедници, кои се наоѓаат во нејзиниот состав“, соопшти општина Карпош.