Уапсен дилер од гостиварско за издржување 18-месечна затворска казна: спроведен е во затвор

Макфакс

19/05/2026

11:20

108

Големина на фонт

а а а

Дилер од гостиварско е уапсен и спроведен во затвор за издржување на 18-месечна казна, поради нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Вчера во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле 52-годишниот В.А. од село Неготино.

Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.