Николоски: Одлична вест за македонските транспортери, во Хрватска усвоен закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи

Макфакс

19/05/2026

11:10

227

Големина на фонт

а а а

Во Хрватска е усвоен закон кој ќе овозможи професионалните возачи од Македонија да добиваат долгорочни визи, што претставува значаен напредок во решавањето на проблемите поврзани со Шенген зоната и ЕЕС системот.

Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

„Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.

Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи“, објави вицепремиерот Николоски.