[ВИДЕО] Се урна дел од мостот меѓу Хрватска и БиХ кај граничниот премин Градишка

Макфакс

19/05/2026

10:00

234

Големина на фонт

а а а

Дел од мостот кај граничниот премин Градишка меѓу Хрватска и БиХ се урна рано утрово, предизвикувајќи прекин на сообраќајот и голем безбедносен ризик. Надлежните институации се очекува да дадат подетални информации и да информираат за обновување на сообраќајот.

Дел од мостот на граничниот премин Градишка, меѓу Хрватска и БиХ, се урна рано утрово околу 3 часот, објавија хрватските медиуми.

Според босански „Кликс“, се урнал дел од оградата на мостот на стариот граничен премин Градишка, целосно спречувајќи го движењето на возила и пешаци.

„Структурата на оградата попушти под непознати околности, што создаде огромен безбедносен ризик.

Земајќи ја предвид фреквенцијата на товарниот и патничкиот сообраќај на овој граничен премин, се очекува ова суспендирање да предизвика поголем метеж“.

Хрватски патишта објавија дека очекуваат официјални и подетални информации од надлежните институции од Босна и Херцеговина за видот и обемот на оштетувањето на мостот и можностите за враќање на сообраќајот.

Тие исто така најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за какви било понатамошни измени во режимот на сообраќај и побараа од возачите разбирање.