Мајка на другарче бутнала дете во игротека, родителите ја пријавиле во полиција

Макфакс

18/05/2026

13:10

189

Големина на фонт

а а а

Во Карпош се случи инцидент во игротека каде мајка бутнала друго дете, а родителите веднаш го пријавиле случајот во полиција. Случајот е во обработка од страна на МВР.

Мајка на другарче бутнала дете во игротека на подрачјето на Карпош, а родителите ја пријавиле во полиција.

Според информациите од МВР, вчера во 22:30 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.П.Г. од Скопје пријавила дека околу 16:10 часот во игротека на подрачјето на Карпош, нејзиниот четиригодишен син бил турнат од В.Д. – мајка на негово другарче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.