Дел од Центар денеска без вода

Макфакс

18/05/2026

07:07

134

Големина на фонт

а а а

РЦУК Скопје информира дека денеска поради технички дефект во населба Центар ќе има прекин на водоснабдувањето на неколку улици и институции од општина Центар.

РЦУК Скопје известува дека денеска поради дефект на шибер Ф-300 мм на улицата Никола Карев бб во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од:улиците Никола Карев, Мирче Ацев, дел од населбата Пролет, Центар за јавно здравје, ОУ „11 Октомври“ и детската градинка, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.