Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон

Макфакс

16/05/2026

13:50

159

Големина на фонт

а а а

Во беровско село хигиеничар од основно училиште е пријавен за психичко насилство и снимање на ученици со мобилен телефон во период од една недела.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“, соопшти полицијата.

Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон.