Момче со месеци принудувало 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Макфакс

16/05/2026

11:11

271

Големина на фонт

а а а

Мајка од Скопје пријави дека нејзината 12-годишна ќерка од март била принудувана од малолетно момче да испраќа експлицитни фотографии и видеа. Ова случај е дел од повеќе вознемирувачки инциденти на насилство меѓу деца во земјата, вклучувајќи физички напади и крвави инциденти во училиштата.

Мајка на 12-годишно девојче од Скопје пријавила во полиција дека момче, кое исто така е малолетно, но возраста во соопштението на МВР не се открива, од март наваму под закана ја принудувало нејзината ќерка да му испраќа експлицитни слики и видеа.

„На 13.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во кусото полициско соопштение.

Ова е последен во низата вознемирувачки случаи на насилство меѓу деца во Скопје, од кои јавноста посебно ја згрози малтретирањето на девојче од Ѓорче Петров од страна на неколку други девојчиња.

Тој, за жал, не е и единствениот случај на насилство меѓу деца во изминатото деноноќие. Во Прилеп, татко на ученик пријавил дека повеќе деца го нападнале неговиот син додека биле на училиште, на час по физичко образование. Врсниците насилници тепањето го снимале со телефон, соопшти полицијата.

Според информациите, момчето било физички нападнато од негови соученици. Случајот го пријавил таткото на детето, 36-годишен жител на Прилеп.

Неделава во училиштето „22 ноември“ во скопската населба Ченто се случи крвав инцидент, кога 15-годишен тинејџер влезе во училиштето и избоде со нож 14-годишен ученик, нанесувајќи му повреди опасни по животот.