Савески - Палминтери: Италија подготвена да го зголеми нивото на поддршка за обвинителството

Макфакс

15/05/2026

17:20

124

Големина на фонт

а а а

Јавниот обвинител на Северна Македонија Ненад Савески оствари разговор со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери за зајакнување на меѓудржавната соработка и поддршката од Италија во борбата против криминал и носењето на реформите поврзани со владеењето на правото како дел од европските интеграции.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери.

Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за областа владеење на правото.

Италијанскиот амбасадор пред државниот обвинител ги презентираше досегашните активности во таа насока, вклучувајќи ги и двата меѓуинституционални меморандуми за зголемување на ефикасноста на борбата против еколошкиот криминал и против кривичните дела против културното наследство, склучени со поддршка на Италија.

Воедно тие разговараа и за можностите за идни активности, како и за предизвиците со кои се соочува обвинителството поради недостигот на јавни обвинители и ресурси и за обврските од реформската агенда.
Савески и Палминтери се согласија дека од стабилноста и сигурноста на овој регион зависи и европската стабилност, бидејќи криминалните мрежи се поврзани меѓу себе.

Италијанскиот амбасадор ја изрази подготвеноста на Италија да го зголеми нивото на поддршка за обвинителството во следниот период, бидејќи клучните области од идните преговори на земјава за членство во ЕУ се однесуваат на поглавјата за владеење на правото.