Променливо облачно со сончеви периоди, наместа услови за пороен дожд

Макфакс

15/05/2026

06:42

297

Големина на фонт

а а а

Во текот на следните денови ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а локално ќе се појави нестабилна облачност која ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено поинтензивно во сабота.

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.