СВР Струмица поднесе кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица поради сомневање за нелегална набавка и продажба на кокаин. Акцијата резултираше со откривање и преземање на кокаин закопан во село Босилово. Според обвинението, лицата се товарат за организирана трговија со <b>наркотични супстанци</b> во регионот.
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишниот И.Ѓ. од село Ново Конско, гевгелиско, 33-годишниот П.Ч. од Гевгелија и 51-годишниот В.С. од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ангажирал со неговото возило да го пренесе до третопријавениот В.С.. Откако кокаинот бил доставен до В.С., тој го сокрил, односно го закопал во земја на место викано „Топо” во атар на село Босилово, струмичко.
По добиени сознанија и преземени службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица ја пронајдоа локацијата на која била закопана дрогата и со помош на работни машини е ископана, извадена и одземена од В.С..







