[ВИДЕО] Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

Макфакс

12/05/2026

15:22

606

Големина на фонт

а а а

Градежните работи на автопатот што ги поврзува Охрид и Кичево се приближуваат кон крајната фаза. Во изминатите две години се постигнат значителен напредок, а наскоро оваа патна делница ќе биде отворена за македонските граѓани. Значајниот инфраструктурен проект претставува клучен чекор во развојот на транспортната мрежа во земјата.

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.

„Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски.