Нови упатства за продолжување на операциите во Иран

Макфакс

10/05/2026

18:00

178

Големина на фонт

а а а

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал нови упатства за продолжување на воените активности насочени кон справување со непријателите, како што беше објавено по средбата со началникот на Генералштабот на вооружените сили. Во истиот контекст, Иран најавува засилена контрола над Ормутскиот теснец, со потенцијални ограничувања за пловните објекти од земји што ги поддржуваат американските санкции.

Иранската државна телевизија информира дека началникот на Генералштабот на вооружените сили, Али Абдолахи, имал средба со врховниот лидер Моџтаба Хамнеи, кој не е виден во јавноста од март, кога беше именуван.

Во рамките на средбата, биле донесени нови директиви и упатства за продолжување на операциите насочени кон справување со „непријателот“, без да се откријат детали за времето кога се одржала таа средба.

Моџтаба Хамнеи, кој според извештаите бил повреден во воздушни напади при почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, од назначувањето досега комуницира само преку писмени изјави.

Според извори, тој не одржал ниту еден јавен настап по преземањето на функцијата.

Портпаролот на иранската армија, Мохамад Акраминиа, истакна дека пловните објекти од земји кои ја почитуваат американските санкции кон Иран може да се соочат со „предизвици“ при премин низ Ормутскиот теснец.

Во меѓувреме, иранските пратеници најавија подготовка на закон кој ќе го регулира надзорот над теснецот и ќе воведе забрана за навигација на бродови од „непријателски земји“.