Стрелачки клуб од Прилеп продавал оружје на лица кои не поседувале дозвола

Макфакс

07/05/2026

14:51

156

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за недозволена трговија со оружје.

Вчера до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во периодот од 26.01.2026 – 29.01.2026 бил извршен увид врз основа на наредба од јавен обвинител и било утврдено дека во стрелачкиот клуб се пронајдени пет малокалибарски пушки за кои не поседуваат соодветна дозвола. Исто така, било утврдено дека управителот заедно со ракувачот на оружје, како дел од управен одбор, вршеле продажба на огнено оружје кое го поседувал стрелачкиот клуб на лица кои не поседувале дозвола за поседување на огнено оружје.

Од стрелачкиот клуб се одземени околу 70 малокалибарски пушки и 10 малокалибарски пиштоли, како и поголема количина на пневматско оружје со цел поведување на управна постапка пред надлежен орган.