Богатата европска земја воведе оброци за сите студенти за 1 евро - мерката ја нарекоа „мала внатрешна револуција“, а целта е јасна

Точка

06/05/2026

19:30

508

Големина на фонт

а а а

Француските студентски мензи нудат оброци за едно евро за сите студенти, без оглед на нивните приходи, почнувајќи од понеделник, во обид да ги ублажат финансиските тешкотии.

Мерката доаѓа по притисокот од студентските сојузи да се намали цената на оброкот кој вклучува предјадење, главно јадење и десерт - од стандардните 3,30 евра на 1 евро за сите, не само за студентите со ниски приходи.


Александар Јоанидес, студент од Париз, за „Франс 24“ изјавил дека новата цена значително ќе ги намали неговите трошоци: „Доаѓам тука 20 пати месечно. Беше околу 60 евра, сега ќе биде 20 евра.“

Речиси 50 проценти од студентите немале доволно пари за храна

Мерката има за цел да им помогне на студентите во земја каде што, според анкетата од јануари, 48 проценти од нив понекогаш немаат доволно пари за храна, додека 23 проценти се соочуваат со овој проблем неколку пати месечно.

Околу 667.000 студенти веќе ја користеле програмата во 2024 година, со повеќе од 46 милиони послужени оброци.


Се очекува понатамошен раст на побарувачката, а властите планираат да обезбедат 120 милиони евра до 2027 година за нејзино финансирање.

Министерот за високо образование, Филип Батист, мерката ја нарече „мала внатрешна револуција“, истакнувајќи дека ќе се внимава да се избегне преоптоварување на персоналот и намалување на квалитетот на храната.