Танкерот CS Anthem го помина Ормускиот теснец во понеделник, потврди неговиот оператор во вторник, станувајќи втор комерцијален брод под знамето на САД за кој се знае дека го сторил тоа придружуван од американски воен персонал.
CS Anthem безбедно го заврши својот транзит низ Ормутскиот теснец“, се вели во соопштението на компанијата Crowley-Stena Marine Solutions, која управува со бродот.
Три други бродови под знамето на САД, кои беа во регионот по почетокот на американско-израелската војна со Иран на 28 февруари, остануваат во Заливот, изјавија три извори за Ројтерс.
The two US ships escorted out of the Persian Gulf, through the Strait of Hormuz was the tanker MT CS Anthem of Crowley Maritime and MV Alliance Fairfax of Maersk Lines. pic.twitter.com/m1DZJQimeZ
— Sal Mercogliano (WGOW Shipping) 🚢⚓🐪🚒🏴☠️ (@mercoglianos) May 5, 2026
Американските сили активно помагаат во напорите за враќање на комерцијалниот превоз низ Ормускиот теснец, соопшти Централната команда на САД (Centcom) на социјалните медиуми во понеделник. Centcom соопшти дека американските разорувачи со водени ракети дејствуваат во Заливот по потреба според наредбата наречена „Проект слобода“.
Во понеделник, бродската компанија Maersk соопшти дека Alliance Fairfax, носач на возила под знамето на САД управуван од нејзината подружница Farrell Lines, го напуштил Персискиот Залив преку Ормускиот теснец под придружба на американските воени сили.
Maersk соопшти дека транзитот на Alliance Fairfax бил завршен без инциденти и дека сите членови на екипажот се безбедни и неповредени. Изворите велат дека на CS Anthem му е сменет оригиналниот екипаж пред неколку недели и дека излезот исто така се одвивал без инциденти.







