[ВИДЕО] Експлозија во фабрика за пиротехника во Кина, 21 лице загина

Макфакс

05/05/2026

07:41

163

Големина на фонт

а а а

Експлозија во фабрика за пиротехника во кинеската покраина Хунан уби 21 лице, а 61 се повредени, што го натера претседателот Кси Џинпинг да побара темелна истрага, објавија државните медиуми во вторник. Експлозијата во градот Чангша се случила во вчера попладне, според извештаите од CCTV и Синхуа.

Видеата на кинеските онлајн платформи покажаа густ чад како се издига од урнатините на зградите и остатоци расфрлани низ областа. Ројтерс не можеше да ги потврди снимките. Речиси 500 пожарникари, спасувачи и медицински персонал се упатија кон местото на настанот, според South China Morning Post.

Медиумите објавија дека експлозијата се случила во компанијата за огномет „Хуашенг“. Кси повика на брза истрага за да се утврди причината за експлозијата и одговорноста за инцидентот, објави „Синхуа“. Кина минатата година извезе огномет во вредност од 1,14 милијарди долари, што е повеќе од две третини од глобалната продажба.