Словачкиот премиер Роберт Фицо денес објави дека за време на претстојната посета на Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Фицо, за време на престојот во Ереван на самитот на Европската политичка унија, изјави дека ќе ја посети Москва во сабота, 9 мај, по повод Денот на победата над фашизмот, пренесува TASR.
„Ќе положам цвеќе на гробот на непознатиот војник на Црвената армија за да изразам благодарност за ослободувањето во име на словачките жени и мажи, а треба да имам и кратка средба со претседателот Путин. Тоа е сè. Нема да присуствувам на никаква воена парада. Ќе биде ист формат како и досега“, рече Фицо.
Тој додаде дека конфликтот меѓу Русија и Украина има „одреден историски контекст“ и рече дека нема да подлегне на притисокот да заземе поинаков став.
„Нема да дозволам да бидам доведен во позиција каде што би требало да имам какво било каење“, додаде тој. Фицо, исто така, изјави дека на состанокот на Европската политичка заедница во Ереван, ниту еден лидер не го покренал прашањето за неговата посета на Русија.
„Сите знаат дека имам аргументи што не можат да се побијат“, истакна Фицо и додаде дека дијалогот е „неопходен“.







