Град Скопје: Делото на Гоце Делчев е жив аманет што повикува на единство и истрајност

Макфакс

04/05/2026

12:59

146

Големина на фонт

а а а

По повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, од Град Скопје изразија длабока почит и благодарност за, како што наведуваат, неговото бесмртно дело кое претставува темел на македонската борба за слобода и достоинство.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој положи цвеќе во чест на македонскиот револуционер и ја истакна важноста на неговото дело за современата македонска држава.

„Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска за сите генерации“, соопштија од Град Скопје.

Се додава дека делото што го оставил Делчев не е само дел од историјата, туку „жив аманет“ што повикува на единство, одговорност и истрајност во зачувувањето на националните вредности.

Од Град Скопје порачаа дека чествувањето на ликот и делото на Делчев претставува израз на почит кон минатото, но и залог за иднината.